| четврток, 6 декември 2018 |

За малку убиени – Кустурица и Чолиќ се нашле на место на мафијашка пресметка

емир

Режисерот Емир Кустурица и Здравко Чолиќ, вчера за малку ќе биле убиени. Тие се нашле на место на мафијашка пресметка во која за малку ќе биле изрешетани. Во пресметката бил ликвидиран Миломир Јовановиќ(46), кум на водачот на новобелградскиот мафијашки клан. Јовановиќ е убиен со четири куршума, од кои два го погодиле во тил, а другите два проектила во гради.

Инаку настанот се случил на белградските гробишта, на погреб, каде проштален говор држел Кустурица, а меѓу присутните биле и Здравко Чолиќ и братот на Горан Бреговиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top