Непознати лица синоќа упаднале во православната црква „Христос спасител“, која се гради во центарот на Приштина, и подметнале пожар. Приштинската парохија соопшти дека била исечена металната решетка на вратата на црквата, од каде вандалите влегле во црквата и го предизвикале пожарот.
Рашко-призренскиот епископ на Српската православна црква го осуди сквернавењето на црквата.
– Пожарот во објект што е припаѓа на Српската православна црква, за жал покажува дека нашите црковни објекти не се соодветно заштитени во Косово, изјави епископот.
Тој истакна дека на два пати досега Црквата барала помош од косовското Министерство за внатрешни работи, за поставување обезбедување пред црквата, но дека и двете барања останале без одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар во близина на Атина
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Војници спасиле шест лица од пожарот во Дебар Маало
-
Голем пожар изутринава во Скопје, интервенирале 8 возила: Изгореа ресторан и возила