| четврток, 6 декември 2018 |

Kанада отвори рекреативна патека долга 22,000 километри

Можеби некои знаат дека Германија веќе отвори патека за велосипеди што се простира 62 километри низ државата.
Подвигот е вреден за почит бидејќи и другите држави е потребно да го следат овој тренд што е полезен и за луѓето и за природата.
Но ако „само” 62 километри беа импресивни оваа информација е скоро неверојатна!
Канада моментално има автопат што не е наменет за автомобили и простира ширум државата со должина од 20,770 километри. Тоа е за 208 пати подолго од Германската патека.
kanada-pateka
Всушност, ова е најдолгата рекреативна патека во светот.
Изградбата на оваа патека започнала во 1992 година и се очекува да се финишира во 2017 година за 150 годишнината на Канада.
Досега 87 проценти од патеката е комплетирана и веќе ги поврзува повеќето поголеми градови низ Канада.
pateka-kanada
Иако ова нема да биде традиционална велосипедска патека, сепак нуди многу можности за авантури на отворено. Ексклузивно е дизајнирана за рекреативни намени која дозволува само велосипедисти, пешаци/планинари или јавање на коњи во летниот период и крос-кантри скијање во зимскиот период. Тогаш буквално би можеле да поминете низ целата држава на скии.
На оваа мапа може да видите каде се протега патеката!
А постои и интерактивна мапа за жителите на Канада со цел полесно да ја пронајдат најблиската патека до нивното живеалиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top