Нова опрема за Одделението за кардиологија вредна 18 милиони денари доби Градската општа болница „8 Септември“. Се состои од екг апарати, ехо апарати, дефибрилатори со што треба да се олесни и забрза работата и да се подигне квалитетот на здравствените услуги на Одделението за крадиологија.
Министерот за здравсто Никола Тодоров, кој денеска ја посети болницата по тој повод, истакна дека опремата е дел од континуираните залагања и вложувања за квантитативно и квалитативно унапредување на услугите, и на персоналот со зголемувањето на бројот на вранотени доктори и на доктори пратени на специјализација.
– Интервентната кардиологија во оваа болница одлично се развива. Досега има над 700 интервентни процедури коишто се изведени на ангиографот којшто го набавивме и ставивме во функција во „8 Септември“. На ангиографот се работат интервентни кардиолошки процедури, но и интервентни радиолошки процедури. Интервентите кардиолошки процедури ги работи тим од шест доктори, а двајца работат на интервентни радиолошки процедури. Од кардиолошките интервенции над 200 се стентирања, а над 10 се дилатации. Тоа е добра бројка на пациенти кои се третирани и згрижени овде во 8 Септември од овој аспект, рече Тодоров.
Тој нагласи дека сите шест доктори кои што работат интервентна кардиологија биле на обука во Дедиње најмалку по два месеца, а дел од едукацијата ја вршат и овдека во 8 Септември со доктор од Дедиње кој тука работи заедно со нашите доктори.
– Очекуваме некаде во наредните шест месеци до година овие шест доктори комплетно да бидат осамостоени со што и во „8 Септември“ ќе имаме комплетно подготвен и доволен тим за да може 24/7 да се даваат овие услуги. Сега засега оваа услуга се дава само во прва смена. Но, сепак и со таков распоред на работата, динамиката е голема што ја докажува кредибилноста на болницата и довербата која што пациентите ја имаат во оваа здравствена установа, вели Тодоров.
Директорот на ГОБ „8 Септември“ др. Сашо Стојчев изјави дека опремата ја добиваат во континуитет од страна на Министерството за здравство, но и дека со нивни скромни средства вршат дополнителни набавки.
– Опремата е веднаш ставена во функција и едукацијата веднаш започнува. Со тоа добиваме поголем број пациенти, побрза обработка бидејќи за разлика од минатата година оваа година имаме веќе над 25 проценти поголем обрт на прием на пациенти на амбулантско – поликлиничката и над 12 проценти во болнички услуги третирани пациенти. Бројот на докторите веќе ги задоволува сите светски и европски стандарди и сега се обидуваме да изнајдеме простории каде може да ги ангажираме да работат повеќе во амбулантско – поликлиничката служба како би ги смалиле листите на чекање. Тие за оваа болница се малку подолги за разлика од другите бидејќи пациентите вршат избор и веројатно имаат некаква доверба која полека во последните шест-седум години ја стекнавме како установа, вели Стојчев.
Тој нагласи дека на овој зголемен број на пациенти можат да одговорат, но се соочуваат со недостиг од просторни услови.
– Тука имаме доволен број на доктори, но сме соочени од недостаток од простор. Така што се оди на тоа да се изнајдат сите можности за да се најде простор. Ние сега распишуваме мал тендер од две илјади евра за да се направат проекти и да се види кои се простории, ќошеви и широки ходници можат да се преадаптираат за амбулантско поликлиничката служба. Сигурно оваа година ќе надминеме 220 илјади амбулантски прегледи, но потребите се уште поголеми. Со кадарот можеме да одговориме, но битно сега е само да го решиме просторниот проблем, вели Стојчев.
На новинарско прашање тој изјави дека најмногу пациенти имаат на Одделенијата за урологија и за ортопедија.
и за ортопедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)