Шампионката од Лондон, Оливера Наковска – Бикова го освои седмото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол 10 метри на Параолимписките игри во Рио. Таа во финалето слаба „стрелба“ имаше во четвртата серија по што беше елиминирана, а заврши со 92.8 кругови. Инаку, Наковска – Бикова во финалето се пласира како трета.
Златниот медал со олимписките рекорд на Игрите го освои Алиех Џаванимардидодмани од Иран со 193.4 кругови. Второто место и припадна на Олга Ковалчук од Украина, додека бронзата и припадна на Ајсегул Пехливанлар од Турција.
Вториот македонски преставник на Параолимписките игри во Рио, Ванчо Каранфилов не успеа да се пласира во финалето во дисциплината воздушен пиштол 10 метри. Тој во конкуренција на 32 натпреварувачи го освои 16. место со 556 кругови. За пласман во финалето му беа потребни 560 кругови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.