Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова се пласираше во финалето на 10 метри воздушен пиштол на Параолимписките игри кои се во тек во Рио де Жанеиро.
Наковска-Бикова во квалификациите имаше резултат од 374 кругови и со тоа си обезбеди можност за одбрана на златниот медал.
Финалната серија во оваа дисциплина ќе се одржи денеска во 16:45 часот според средноевропско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.