| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: мењам Тито за Муки!

 

Поведен од еуфоријата и пресметката кај сдсмовците и шарените „револуционери“, лидерот на СДСМ со јасен гест пресекол и ставил крај на шпекулациите во неговата партија, пренесе екслузивно „Минус инфо.“

На вчерашната комбинирана седница на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, на која  гостувале и медиумските јуришници и каде се отворила вистинска рововска битка меѓу неговите партијци, Зоран Заев изрипал од фотелјата, направил 10-секундна пауза за да го привлече вниманието на јуришниците и партијците кои веќе се фатиле за коси и почнале да се гризаат меѓу себе и гордо викнал:

„Стоп! Прекини! Шилегов пушти ја косата на Милчин, Најчевска „фуј-то“ и престани да ги гризаш Ордановски и Димова, Геро не го плукај Адеми! Доста! Мирни!“

Изненадени до острата реакција и тонот на лидерот , тие веднаш престанале со пресметката во салата за состаноци, жедно очекувајќи ја пораката на разбудениот Заев.

Геро, Ацо, Јадранка, Саки и остали, веднага да се организира за да итно се пренесе! Џабир ти си по огласите, одма да се пушти оглас на Реклама5, Пазар3, Врапче и на Аирлија! Да гласи: „МЕЊАМ ТИТО ЗА МУКИ! СО ДОПЛАТА, ПАЈО И ЛИЛЕ ГРАТИС!“

Старите сдсмовци не се израдувале од кажаното и почнале да мрморат, но Заев ги пресекол:

„Чадорот така кажа, точка!“, по што бунтовниците послушно ги наведнале главите и гласно воздивнале. Заев израдуван од ефектот на кажаното, смирено и галовно продолжил.

Муки, милениче ново мое, ти да ми ги организираш на конференциска врска Љуми, Замир, Бени и Мра! Да ги израдувам дека ќе бидат на листа! Добитна комбинација, разбира се!“

Погледнал кон заменичката му со почит, а таа како сива соросова еминенција му намигнала, нивниот знак дека одобрува да и се обрати, по што Заев подголтнал, зад’ткал и и рекол:

„Радо, ти да се чуеш со Павле и  останатите што најдобро стрелаа со боите по институциите, Оги и Норка ги згриживме во СЈО, друзиве пуцачи ќе бидуват исто на листичките“ –  запелтечел, мешајќи струмички лидерот и свртен кон таборот на сдсмовците додал:

„Да им пренесете на наш’те партијци, ваа гудина ќе бидуват на стенд-бај, нема место за них на листичките. За това, пак, ќе и правеме градоначалници и советници в’ф 2017-та! Кој чека, ќе дучека! С’а за с’а т’канди, мора да им врнеме јако на шарен’те!“

Бунтовниците, стари комуњари, пренесе „А1, оф!“, сакале да се побунат, но Рада ги смирила.

Не се секирајте, партијци мои! Нема никој да остане без пари! Сега, вие ќе одите во Сорос, а Соросоидите ќе дојдат во партија! Рокада праиме!“

„А шо со Тито, Павле, Лиле, Самка и останатите сателити?“ – запрашал со главата надолу храбриот Петре, кој, всушност, бил малку цврцнат ко и обично, од каде и ја црпел храброста.

„За ’прдежите’, хахахаха (се изнасмејала Рада на досетливоста на Замир) за нив има троа место само у тендерите на лидерот, мада и то е слабо! Самка па е доживотно со нас, а сеа ќе се гребеме за Здравко , пошо е левучар нели!“ свикала радосно и јасно обзнанила дека освен Врхушката, за која се резервирани 5 добитни места, останатите 25-6 сигурни места во Парламентот се за Шарените и за Албанците кои им се приклучија. Проценките на партијата биле дека на 11 декември ќе добијат максимум 31 до 32 пратенички места, што по сите направени тешки глупости во изминатиот период , СДСМ го сметале за рамно на победа.

Оптимистичките прогнози велеле дека со ова темпо, на власт ќе се врателе за 14 години, кога ќе инсистираат на избори на 12 август 2030-та година, што би бил и најдобриот можен роденденски подарок за Џорџ Сорос, кој тогаш ќе го слави својот 100-ти роденден.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top