Ѕвезда на Венецискиот фестивал деновие е американската актерка Натали Портман, која блесна во филмот „Џеки“ на Пабло Лараин за вдовицата на американскиот претседател Џон Кенеди во деновите по атентатот 1963 година. Според првите реакции од критиката, Портман за „Џеки“ би можела да добие номинација за „Оскар“. Таа игра суверено, преживувајќи беспрекорна трансформација од насмеаната совршено дотерана прва дама со пискав глас до приватната Џеки – организациски гениј со длабок глас, остар ум и со цигара в рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


