| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус и Милан ќе се борат за трофејот на Суперкупот во Доха

juve

Суперкупот на Италија помеѓу Јувентус и Милан ќе се игра на 23. декември во главниот град на Катар, Доха.

Доха по втор пат ќе биде домаќин на италијанскиот Суперкуп, по 2014. година кога Наполи го совлада Јувентус по пенали 6:2 (2:2). Тоа ќе биде вкупно осмиот Суперкуп кој се одржува надвор од гранците на Италија, откако се играше во Вашингтон, Њу Џерси, Шангај и три пати во Пекинг и сега втор пат во Катар.

Јувентус минатата сезона ја зема „двојната круна“ во Италија, но за првиот трофеј оваа сезона ќе игра против Милан, финалистот на купот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top