Вчера околу 12.00 часот во Куманово на ул. „Моша Пијаде“ во складот за огревно дрво „Дабо груп“, сопственост на З.Т.(50), од страна на Д.В.(48) биле ангажирани Б.П.(22) и две четиринаесетгодишни момчиња, сите од Куманово, да исцепат дрва.
Додека работело едното четиринаесетгодишно момче покрај него поминало другото момче на иста возраст, кое се занело и ја ставило левата рака на трупецот на кој првиот цепел дрва. Истиот, притоа, со секира во пределот на малиот прст од левата рака го повредил својот врсник, кој се занел и паднал.
Повреденото момче било пренесено во Клинички центар Скопје на натамошо лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Јавен обвинител констатирал постоење кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл.288 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун