| четврток, 6 декември 2018 |

Прв саем за накит во Скопје

Во организација на Центарот за дизајн и за иновации „Јавна соба“ и „KАПКА јувери“, од 7 до 9 октомври во просториите на „Јавна соба“, ќе се одржи првото издание на Саем за накит и модни додатоци, „Накит 2016“.

На саемот настапуваат изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области, кои ги користат накитот и модните додатоци како средство за креативно изразување и кои се фокусирани на нови, иновативни, свежи идеи. Станува збор за производи на дизајнери од Србија, Косово, Бугарија, Босна и секако од Македонија, создадени како уникати или во многу мали серии.

unnamed-2

„Накит 2016“ е од меѓународен карактер, и покрај изложбата на дизајнерските парчиња, во негови рамки е вклучена и научно-практична програма проследена со стручни предавања и работилници.

unnamed

Саемот ќе има продажен и забавен карактер исполнет со разновидни, атрактивни гастрономски перформанси, како и музички дел предвиден за попладневните и вечерните часови. Наменет е за пошироката публика, за познавачите на добриот накит, за љубителите на модните дадотоци, за консументите на добрата атмосфера и забава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top