Холивудската ѕвезда Бред Пит ќе купи апартман во црногорскиот туристички комплекс Порто Будва, пишува српскиот весник „Вечерње новости”.
Според неофицијалните информации, нему му се допаднал апартманот со две спални соби, во стан од 120 квадрати, за кој треба да плати 400.000 евра. Купопродажбата ќе се изврши преку посредник.
– Нема сомнение дека посетата на Бред Пит и Анџелина Џоли во Црна Гора пред шест години е оставило длабока трага. Познатата двојка тогаш не го криеше восхитувањето од убавината на црногорското крајбрежје и сега очигледно решиле да „фрлат сидро” таму, пишува српскиот весник.
Неодамна беше објавено дека Бред е сериозно заитересиран за да инвестира во изградба на туристички компкелс во Шибеник, Хрватска. Тој со своите деловни партнери и советници поминал два дена во околината на Шибеник. Го посетил местото Заблаче во близина на Шибеник, кде разгледувал приватен имот за кој е заинтересиран. Според информациите на „Јутарњи лист“, актерот планира да гради луксузно одморалиште и терени за голф. Според ова може да се каже дека Јадранското приморје му лежи на срце на познатиот актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.