| четврток, 6 декември 2018 |

Најлуксузен во светот: Само овој хотел има седум ѕвезди (Фото – Видео)

 

Бурж Ал Араб е еден од најлуксузните и најскапите хотели на светот. Се наоѓа на вештачкиот остров во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати. Висок е (заедно со антената) 321 метар, со што е вториот хотел по висина во светот, зад „Роза Тауер”, кој исто така се наоѓа во Дубаи.

Сопственик на Бурж Ал Араб е хотелскиот ланец „Џумеира Груп”, во сопственост на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактума. Хотелот го проектирал британскиот архитект Том Рајт, а изведувач на работата е јужноафриканската компанија Мари анд Робертс. Градбата е во облик на едро, од отворањето во 1999. година, стана симбол на Дубаи и претставува една од најпрепознатливите градби во светот. Бурж Ал Араб има 28 катови со 202 соби.

burj-1

Најмалата соба е со површина од 169 квадратни метри, а најголемиот апартман има површина од 780 квадратни метри. Веројатно не треба да се напоменува дека хотелот е меѓу најскапите во светот. Цените за едно ноќевање се движат од 1000 долари за најмалата соба, до 28.000 долари за кралскиот апартман.

burj-al-dubai-hotel

Изградбата на Бурж Ал Араб започната е 1994 година. Граден е да изгледа како едро на традиционален арапски брод. Две “крила“ раширени во облик на буквата “V” кои имаат улога на јарбол, додека просторот меѓу нив служи како голем атријум.

– Клиентот сакаше градба која ќе стане икона или симбол на градот Дубаи, нешто како Оперската  куќа во Сиднеј или Ајфеловата кула во Париз. Требаше да се изгради нешто што ќе стане синоним за целата држава, изјавил архитектот Том Рајт.

burj_al_arab_interior1

Но и покрај извонредната структура, врвната услуга е тоа што го прави Бурж Ал Араб да биде величенствен. Многупати е прогласуван за најлуксузен хотел на светот, а нуди дискретност, приватна рецепција на секој кат, хелипад, лични батлери и неповторлива љубезност. Иако има пет ѕвезди, колку што е максумумот во рангирањето во хотелската индустрија, за него обично се говори дека нуди услуги во рангот на седум ѕвезди.

burj-al-arab-dubai-074

Dubai - Inside Burj Al Arab

Dubai – Inside Burj Al Arab

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top