| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени ПОИ во Рио, македонските спортисти посакуваат финале (фото)

paraolimpijada-1На стадионот Маракана ноќеска по средноевропско време свечено беа отворени Параолимписките игри во Рио. Илјадници натпреварувачи продефилираа за време на двочасовниот спектакл.

paraolimpijada-3Параолимписките игри ќе траат до 18 септември. 4350 натпреварувачи од 160 држави ќе се борат во 22 спортски дисциплини за вкупно 528 златни медали.

mkd-paraolimpijci Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов се македонските претставници на параолимписки игри во Рио. Тие заедно со тренерот Бранислав Јовановски и другите сопатници за Рио се надеваат на повторување на успехот од изминатите континентални натпревари.

mkd-na-paraolimpijadaНив од трибините на Маракана ги поздрави македонскиот амбасадор во Бразил Ивица Боцевски.

ivica-paraolimpijadaВо изминатите две децении, нашето спортско стрелаштво е најтрофејниот спорт, особено во делот на Параолимписките игри, почнувајќи од златото на Бранимир Јовановски на ПОИ во Барселона 1992, среброто на Ванчо Каранфилов во Атина 2004 и златниот медал на Оливера Наковска-Бикова во Лондон 2012. Овие тројца наши спортски великани се и носители на највисокото Национално спортско признание, популарната „спортска пензија”.

Наковска-Бикова изјави дека би сакала да го повтори успехот од Лондон, иако првенствена цел и е влез во финале.

Каранфилов очекува остварување на својот најдобар резултат годинава, чија вредност би му обезбедила сигурен влез во најдобрите осум.

Настапите на нашите стрелци се закажани за 9 септември – воздушен пиштол 10м, а два дена подоцна ќе се одржи дисциплината спортски пиштол-25м. Последниот настап е закажан за 14 септември, кога ќе се одржи дисциплината малокалибарски пиштол-50 метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top