| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдено, руските параолимпијци се суспендирани од Олимписките Игри

ruski olimpiski komitet

Поради државниот допинг скандал, руските параолимпијци не ќе можат да учествуваат на Параолимписките игри во Рио.

Русија е суспендирана по објавувањето на извештајот кој наведува дека државните институции организирале допинг програма за руските спортисти.

Меѓународниот олимписки комитет не го суспендира целиот руски тим од Игрите во Рио, препуштајќи им ја одлуката на поединечните спортски федерации.

– Антидопинг системот во Русија е скршен, корумпиран и целосно компромитиран. Рускиот параолимписки комитет не може да обезбеди спроведување на светскиот антидопинг правилник во својата национална јурисдикција и не може да ги исполни своите должности како член на Меѓународниот параолимписки комитет. Како последица на сето тоа, Рускиот параолимписки комитет е суспендиран почнувајќи од сега – изјави претседателот на МПК, Филип Кревејн на пресконференцијата во Рио де Женеиро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top