| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска забрана за увоз на месо од Словенија, Црна Гора

meso-mesara02-600x363

Почнувајќи од денеска во земјава се забранува увоз на животни, јајца и семе од Црна Гора и Словенија кои се подложни на болеста син јазик. Оваа заболување ги напаѓа овците, козите и говедата, а најчесто се пренесува преку комарци.

Одлуката на Владата е веќе објавена во Службен Весник и стапува на сила од денеска.

Забраната за увоз доаѓа откако во Црна Гора и Словенија се откриени стотици животни заболени од син јазик и јазлеста кожа. Од македонската агенцијата за храна и ветеринарство велат дека оваа мерка е донесена како превенција иако нема заболени говеда во земјава.

Болеста „син јазик“ во Македонија за прв пат беше регистрирана во 2014 година во беровскиот крај, а потоа се прошири и во штипскиот, радовишкиот, кочанскиот и во овчеполскиот регион. Тогаш угинаа 18.000 грла а болеста им направи огромни штети на сточарите. Во Македонија во моментов нема евидентирано заболено грло.

Се работи за вирусно заболување кое ги напаѓа преживарите, а се пренесува преку инсекти. Не се пренесува од животно на животно, ниту пак од животно на човек. Иако нема ризик по здравјето за луѓето, сепак, не е препорачливо јадење заболено месо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top