| четврток, 6 декември 2018 |

По 4.000 денари по грло за штетите од болеста син јазик

овци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека сточарите кои претрпеа сериозни штети од болеста син јазик ќе добијат паричен надомест за секое угинато грло, пренесе „Нова Македонија“.

Болеста, која минатата одина ја погоди Македонија, предизвика сериозни штети кај одгледувачите на овци по што тие беа најреволтирани поради ширењето на оваа за нив, непозната болест.

– Ќе бидат обесштетени сточарите кај кои е потврдено угинување на овци и на кози од болеста син јазик со записник од официјален ветеринар вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство и се однесува за овци и кози пријавени за угинати до 4 ноември 2014 година – објаснуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму дополнуваат дека висината на директните плаќања за секоја угината овца или коза ќе изнесува 4.000 денари по грло, односно дека за таа намена ќе бидат издвоени 80 милиони денари.

Иако со ваквата мерка на Министерството нема да бидат покриени целокупните загуби на сточарите, ќе помогне за значително намалување на штетите, сметаат од здружението на земјоделците „Агрофаланга“, пренесува „Нова Македонија“.

Според процените, минатата година угинае 17.000 овци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top