Слаѓана и нејзиниот избраник Фарук направија свадба од соништата, пишува порталот Во бело.
Својата љубов ја крунисаа во Катар на 1 декември (роденденот на Слаѓана), а потоа направија и свадба на Малдивите. Летово тие направија и традиционална македонско-арапска свадба во Македонија со сите адети: од китење на младоженецот до сечење на тортата со традиционален арапски меч кој за таа пригода беше донесен од Катар. Свадбената веселба беше мешавина на традиционални македонски и арапски песни, бидејќи Слаѓана е Македонка, а Фарук Египќанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.