| четврток, 6 декември 2018 |

Почесниот конзул на Русија во Македонија ни посака мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот

samsonenko

По повод одбележувањето на 8 Септември, почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Самсоненко на сите македонски граѓани им го честита Денот на независноста.

„Почитувани граѓани на Република Македонија во мое и во името на руските граѓани, ви го честитам 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Овој ден е најзначаен датум во македонската историја и ја симболизира одлуката на македонскиот народ да создаде самостојна и независна држава. Изразувам длабока почит на одлучноста за создавање суверена и рамноправна Македонија за сите народности кои живеат во неа. Ви посакувам траен мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот“, вели во честитката Самсоненко.

Почесниот конзул на Руската Федерација на македонските граѓани им посакува социјален, економски и политички напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top