| четврток, 6 декември 2018 |

АЕК ќе гради кула на Водно

Агенцијата за елктронски комуникации годинава ќе изгради деловна зграда и повеќенаменска кула на Водно.

 

Покрај ова, директорот на АЕК, Роберт Ордановски, пред пратениците информира дека со цел да се завршат капиталните проекти се намалени непродуктивните трошоци и затоа ќе имало средства за кулата.

– Со набавката на оваа софистицирана мерна опрема ќе ги имаме сите показатели на мрежите на операторите, а тие ќе имаа должност да ги почитуваат параметрите што им ги зададовме. Мерењата ќе бидат ставени на нашата веб-страница и секој корисник ќе може да добие информации за квалитетот на мрежата на операторот – појасни Ордановски.

Тој, меѓу другото, најави и дека од септември цената во бирањето број во сопствената мрежа и во мрежата на другите оператори ќе биде иста, односно ќе изнесува 1,2 денар. Предлог-одлуката за одобрување на годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2013 година беше повлечена од дневниот ред поради немање мислење од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top