Премногу рано во квалификациите ќе играме под закана на испаѓање, а со тоа и неодржување на континуитетот од минатите кошаркарски собири на кои бевме постојано присутни.
Во натпреварот да се биде или не кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во квалификациите, прв на домашен терен, од селекцијата на Унгарија со 76:66.
Лош ритам кој владее во „црвено-жолтиот” табор, а се подалеку се одалечуваме од пласман на Евробаскетот во 2017 година. Во наредните три натпревари ќе мора убедливо да ги добиеме.
Во почетокот и двете репрезентации играа кош за кош, каде што блага доминација имаше селекцијата на Унгарија, но во ните еден момент не успеа да се одлепи на пристојна предност. На крајот од 1/4 македонската репрезентација го имаше и првото водство на мечот, по што ја заврши четвртината со водство од 17:15.
Унгарците со серија од 6:0 ја отворија 2/4 и повторно го превземаа водството со 21:17. Но нашите кошаркари веднаш возвратија и отидоа на пауза со плус три во нивна корист (35:32).
Во третата четвртина голем дел Унгарците имаа предност, каде што на две минути до крајот направија серија од 10:0 за предност од плус шест (48:42). Но, Мекедонија успеда да се совземе и да погоди неколку напади по ред за да се заврши 3/4 со 48:48.
Последниот период помина со комплетна доминација на противникот. Унгарците од напад во напад само ја зголемуваа предноста која на крајот дојде и до највисоки плус единаесет во нивна корист (75:64), за да се заврши со 76:66.
Премногу рано во квалификациите ќе играме под закана на испаѓање, а со тоа и неодржување на континуитетот од минатите кошаркарски собири на кои бевме постојано присутни.
Најефикасен во македонската репрезентација беше капитенот Дамјан Стојановски со 16 поени и 6 скокови, додека во противничкиот состав имаше многу порасположливи кошаркари, меѓу кои Бојвода со 27 поени, како и Ханга со 15 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила