| четврток, 6 декември 2018 |

Русите лошо проценија: Витсел ќе го напушти Зенит како слободен играч

aksel vitsel

Од Апенините пристигна веста дека Аксел Витсел одбил да го потпише новиот договор со Зенит. Тоа значи дека на истекот на сезоната ќе биде слободен играч и ќе може да пристигне во Јувентус без оштета. За посетување, белгискиот репрезентативец договори се за преминувањето во Јуве летово, дури и ги помина лекарските прегледи пред Зенит да ја откаже зделката.

Русите се коцкаа на последниот ден на трансфер рокот кога во последен момент ја откажаа продажбата и лошо ја проценија ситуацијата. „Старата дама“ им понуди овој преоден рок 18 милиони евра, плус 3 милиони во бонуси за белгискиот репрезентативец.

Тие ја одбија поудата, па останаа со речиси празни раце, па сега играчот за кого издвоија 40 милиони евра, при трансферот од Бенфика во 2012. година ќе им замине без оштета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top