Можеби името нема да ви звучи познато, но неговиот лик сигурно сте го виделе и тоа најверојатно во кадар со фудбалската мега ѕвезда, Кристијано Роналдо. Тој е неговиот најдобар другар повеќе од 10 години, а станува збор за Рики Регуфе со кој португалскиот капитен е наразделен.
Тие двајца редовно објавуваат заеднички слики на социјалните мрежи, а нивното пријателство датира уште од 2003 година кога Регуфе почнувал како маркетинг менаџер на Најк во Лисабон.
Сега тој е перонален менаџер на Роналдо и работи на ширењето на брендот на Роналдо – CR7, па многу често патуваат заедно, одат на настани, а и се забавуваат.
-Тој е човек со огромно срце. Не можам ни да се сетам на тоа колку пати се жртвувал за работата, изјавил во едно интервју за својот пријател Кристијано.
Како што на шега неколку пати изјавил, Рики има комплекс за својата височина, а до сега ги одбил сите барања за интервју кои му ги пратиле медиумите и сака максимално да ја сочува својата приватност.
Регуфе е Португалец кој има 37 години, а освен тоа што се грижи за Роначдо, тој сеуште ја има улогата на менаџер на Најк задолжен за Националниот тим на Португалија. На неразделните пријатели медиумите веќе им го дале прекарот “Крики”.
Тие се запознале пред 13 години кога Роналдо се уште бил млад играч во Спортин Лисабон, а Рики бил на почетокот на својата кариера во Најк. Тогаш тој го убедил Кристијано да потпише договор со спортскиот бренд и оттогаш започнало нивното пријателство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.