| четврток, 6 декември 2018 |

Посебен сообраќаен режим за време на Скопскиот маратон в недела

skopski-maraton

Поради Скопскиот маратон, кој ќе се одржи в недела од 7.30 до 14 часот, ќе биде изменет режимот на сообраќај во Скопје.

Во дадениот период целосно затворени за сообраќај ќе бидат улица Димитрије Чуповски, булевар Илинден, улица Франклин Рузвелт, улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски), булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, улица 11 Октомври, делот на булевар Крушевска Република од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај полициска станица „Пролет“, булевар Трета македонска бригада  од семафорите кај полициска станица „Пролет“ до крстосница со улица Фрањо Клуз, десната коловозна лента од булевар Јане Сандански од Тобако во правец кон Аеродром, се до крстосницата со булевар Србија.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат десната коловозна лента од булевар Климент Охридски во правец од Матица до семафорите кај Влада, улица Љубљанска во правец од булеварот Илинденска до семафорите кај булевар Партизански одреди, улица Московска во правец од булевар Партизански одреди до студентски дом „Гоце Делчев“.
Променетиот режим на сообраќај ќе биде променет и на јавниот градски превоз, а таа промена важи за автобусите со број 3, 3Б, 4 и 4А, 5, 7, 7Б, 8, 9, 15 и 15А, 16, 21, 22, 22А, 23, 24, 50, 57, 59, 59А, 59Б, 31,41, 51, 67, 70 и 58.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top