| четврток, 6 декември 2018 |

Директен судир на службениот автомобил на Путин во Москва, загина возачот (видео)

Службениот автомобил на рускиот претседател Владимир Путин учествувал во директен судар во Москва, во кој загинал возачот на претседателот на Русија, соопштија руските медиуми, пишува Макфакс

Според медиумските извештаи во несреќата којашто се случила во петокот на 2-ри септември, учествувал службениот автомобил на Владимир Путин, црниот BMW, а рускиот претседател во тој момент не се наоѓал во него.

Несреќата се случила кога во претседателската лимузина удрил друг автомобил, кој до својата лента минал во спротивната, во којашто се движело возилото на Путин.

Снимките од надзорните камери кои го снимаат сообраќајот на московската авенија Кутузов покажуваат дека „мерцедес’ директно се судрил со претседателското BMW.

Руските медиуми наведуваат дека автомобилот го возел омилениот официјален возач на рускиот претседател кој загинал на самото место на несреќата, додека возачот на „мерцедесот“ бил префрлен во болница во критична состојба.

Путин во тој момент не бил во возилото, се истакнува во извештаите. Исто така, не е објавено името на возачот, туку се наведува дека станува збор за возач со 40 години работно искуство како службен возач на високи руски функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top