Според најновите анкети, за Трамп на следните претседателски избори во САД би гласале 45 проценти, додека за Клинтон 43 проценти од гласачите.
Според овие мерења, републиканскиот кандидат Доналд Трамп за два проценти е во предност пред Хилари Клинтон од демократската партија.
Анкетата пкажува и разлика во поддржувачите на двата кандидати, па така, жените повеќе стојад зад Клинтон додека Трамп може да смета на мажите- гласачи. Младите пак, дури 54 проценти ја поддржуваат Клинтон додека старите предност му даваат на Трамп.
Истражувањето покажува дека белците повеќе го поддржуваат Трамп, дури 55 проценти, додека останатите, дури 71 процент, довербата ја имаат во Клинтон.
Истражувањето е спроведено телефонски од 1 до 4 септември а учествувале 1001 гласач од сите краишта на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


