| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лондон одложени летовите, демонстранти ја окупирале пистата

Откажани се летовите на градскиот аеродром во Лондон откако демонстрантите ја окупирале пистата, јавуваат светски медиуми.

Од полицијата наведуваат дека околу 5.40 часот по локално време ги повикале на аеродром бидејќи демонстрантите влегле на пистата.

Како што се наведува тие уште се на аеродромот и нема апсења. Летовите за Цирих и за Женева се откажани, а летовите од Ротердам, Луксембург, Њујорк и Франкфурт се пренасочени на друг аеродром.

Медиумите не наведуваат поради што демонстрантите ја окупирале пистата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top