На социјалните мрежи жените се почесто се фотографираат со свршеничкиот прстен на малиот, наместо домалиот прст – многумина на почеток мислеа дека е грешка во прашање, а тогаш е откриена тајната порака која се крие зад овој потег. И прекрасна е!, пишува 24сата.рс.
Симболиката на свршеничкиот прстен од секогаш била врзана со љубов и почитување, но жените решиле тоа да го кренат на сосема ново ниво. Сега го носат свршеничкиот прстен на малиот прст за да покажат дека се одбираат себе си и самите се ставаат на прво место.
Да, жените решиле да се свршат со себе си. Така сега на социјалните мрежи се шират фотографии со вистински свршенички прстени, со се дијамантите, но на малиот прст.
Можеби ова за некои ќе изгледа како уште една од низата лудости во морето на таквите акции, а некои ќе помислат дека е во прашање уште една егоистична цел. Но вистина е дека пораката која ја испраќаат жените е прекрасна.
-Ако не се почитувате и сакате себе си, ниту на другите не можете да и ја дарите вистинската љубов – тоа е една од животните лекции кои кога тогаш мора да ги усвоиме. Затоа новиот тренд помеѓу жените ширум светот е носење на свршеничкиот прстен на малиот прст. Што со тоа сакаат да порачаат? Дека се независни, дека се сакаат себе си и дека ја чекаат вистинската личност, но тоа не значи дека не умеат и самите да се забавуваат“.
A photo posted by Merel Slootheer (@merelslootheer) on
Слоганот на овој прстен гласи: „Јас (име) се колнам дека секојдневно ќе се почитувам себе си, дека се одбирам самата себе и дека никогаш нема да заборавам на себе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.