Вереничките прстени на овие 10 ѕвезди, чинат колку еден стан на Менхетен. Најевтиниот прстен на оваа топ 10 листа е со цена од 1 милион долари!
Погледнете ги најскапите веренички прстени на познатите:
Елизабет Тејлор
Овој прстен на актерката и го подарил Ричард Бартон, еден од нејзините 7 сопружници. Прстенот е 33.19 карати и е проценет на 8,8 милиони долари.
Ким Кардашијан
На прстот на Кардашијан блескаат 15 карати. Канје Вест и го подарил овој прстен вреден 8 милиони долари.
Бијонсе
Џеј Зи и подари прстен од 18 карати на Бијонсе. Цената е 5 милиони долари.
Џенифер Лопез
Вереничкиот прстен на Лопез беше во вредност од 4,1 милиони долари. И овој брак не издржа, но дијамантите се вечни.
Ванеса Брајант
Сопругата на Коби Брајант, од него доби веренички прстен од 8 карати во вредност од 4 милиони долари.
Мараја Кери
Овој брак веќе се распадна, но прстенот кој Кери го доби од раперот Ник Канон, беше со 10 карати и во вредност 2,5 милиони долари.
Блејк Лајвли
Вереничкиот прстен на актерката е во вредност 2,5 милиони долари.
Сиара
Раперот Фјучер и подари на Сиара веренички прстен вреден 1,5 милион долари. Штета што веридбата им се распадна.
Кејти Холмс
Додека беше верена со Том Круз, актерката носеше прстен со 5каратен дијамант вреден 1,5 милион долари.
Џенифер Анистон
Џастин Тероу и предложи брак на актерката со веренички прстен вреден 1 милион долари. Тоа е најевтиниот прстен на оваа ранг листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.