| четврток, 6 декември 2018 |

Чичаковски е независен само за Заев: Претседателот на ДИК одработува партиска агенда на СДСМ

Cicakovski-SDSM

Државната изборна комисија, на чие чело е човек на СДСМ, не успеа да го затскрие срамот од лагите кои оваа партија ги пласираше за наводните фантомски гласачи. Како што челниците на СДСМ лицитираа со бројки, само повеќе ги покажуваа своите цели да манипулираат со јавноста обидувајќи се да најдат алиби за тешките изборни порази.

На чело на ДИК е сопартиецот на Црвенковски и Заев, Александар Чичаковски. За себе тврдеше дека е „независен експерт“, а не партиска инсталација на СДСМ во ДИК, иако дел од медиумите објавија фотографии на кои се гледа Чичаковски во младоста во првите редови на митинг на Бранко Црвенковски.

cicakovski-sdsm-miting

Најголемиот број од отстранетите 30-тина илјади гласачи се од албанска националност. СДСМ од друга страна тврдеше дека на списокот има 500.000 фантомски гласачи, како обид за поткрепа на нивната теза од изборите во 2014 година. Тогаш СДСМ тврдеше дека победата на парламентарните избори им била украдена и дека разликата од 200.000 гласа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не била вистинита, поради што не учествуваше во работата на парламентот 15 месеци,

На сите вакви лаги кратки им се роковите на траење, па дури и ДИК предводен од „независниот експерт“ Чичаковски мораше да верификува дека сите небулози на СДСМ биле смислени само за да се бега од избори.

Чичаковски одработува за СДСМ, Заев тврди дека е независен

– Создадовме две независни институции на кои се радувавме сите, надевајќи се дека ќе го прошират амбиентот на демократски институции во Република Македонија. Една од тие институции е Државната изборна комисија, рече Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ одржана на 7-ми април годинава.

„Независниот“ Чичаковски вчера попладне во Скопје е забележан на средба со Љупчо Николовски, дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ. Дали тие му објаснуваа на Николовски дека на фантомската математика и дојде крајот или пак правеа стратегија како СДСМ да се извлече од ситуацијата останува да видиме во наредните денови.

dik2-sdsm-640x360

Но, ваквата партиска средба е само една од низата причини поради кои никој не верува во независноста на Чичаковски. На митинзи на СДСМ и на партиски брифинзи Чичаковски го има, но овој човек на функција не е присутен тогаш кога му е должност.

Кога навистина треба да си ја врши работата за која зема пари од џебот на граѓаните, Чичаковски се крие.  Тој беше недостапен за новинарите, а вистинска потрага по него водеа и членовите на ДИК во периодот кога се подготвуваше терен за избори на 24-ти април. Неажурноста и неодговорноста на Чичаковски никој не можеше да ја оправда.

Прилогот на ТВ Сител од овој период, погледнете го во продолжение:

Ваквото однесување на претседателот на ДИК само го потврдува сомнежот дека тој одработува за нечија агенда која е дијаментрално спротивна од онаа за која го плаќаат граѓаните.

Александар Чичаковски во ДИК дојде како така наречен независен експерт, но во неговата биографија може да се прочита дека бил дел од серија на проекти финансирани од СОРОС што го потврдува сомнежот дека работи во координација со Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top