Поради реновирање на гледалиштето на Салонот на МОБ, во пресрет на Денот на независноста, в среда (07.09.2016 година), со почеток во 20 часот, на платото пред Македонската опера и балет ќе биде изведена детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“. Претставата е адаптација за деца, но и за сите љубители на оперската уметност, на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Во неа, преку убавата музика на Моцарт, публиката ќе има можност да дознае одговори на неколку прашања:
Дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник, за разлика од Моностатос? Што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже? Зошто Кралицата на ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него, за возврат? Што добиваат Тамино и Папагено, од Памина и Папагена и што на крајот победува?
Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), а настапува солистичка екипа на Македонската опера и балет.
Техничка поддршка Конгресен центар „Александар Македонски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.