| четврток, 6 декември 2018 |

Дамјан Стојановски се збогува со квалификациите

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Раца повеќе нема да може да смета на услугите на Дамјан Стојановски чија повреда од вчерашниот дуел против Велика Британија се покажа како сериозна.

Лидерот во националната селекција ќе ги пропушти дуелите помешу Романија, Финска, Израел и Турција во квалификацискиот циклус за ЕП 2017.

Се работи за посериозна повреда на десното колено, конкретно латералниот лигамент.

Македонија во следниот предвизик против Унгарија, ќе влезат без најдобриот поединец, а дуелот е закажан за 7. септември во Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top