Вулканот Попокатепетл исфрли пепел врз неколку градови во државата Пуебла вклучувајќи ја и истоимената престолнина. Мексиканскиот Национален центар за спречување катастрофи јави дека исфрлувањето вулканска пепел траело осум часа.
Ветровите ја однеле пепелта на југоисток, далеку од престолнината Мексико Сити.
Центарот истакна дека вулканската пепел се исфрлила и над градот Пуебла. Поради пепелта, летовите биле откажани. Аеродромот е затворен до следната наредба, рече портпаролот на локалните власти.
Попокатепетл се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од мексиканската престолнина. Вулканот со висина од 5.459 километри периодично исфрлува пепел, пареа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.