| четврток, 6 декември 2018 |

Oд нив стравуваат сите светски влади: Каде се кријат најдобрите хакери?

Сајтот HackerRank неделава објави анализа која покажува во кои земји се кријат најдобрите програмери на светот.

Врз основа на постигнатите резултати, најдобро пласирана е Кина, потоа следат Русија, Полска, Швајцарија, Унгарија и Јапонија.

На последните четири места се Тајван, Франција, Чешка и Италија.

И додека САД и Индија на страницата имаат најголем број корисници, во наведената анализа двете семји оствариле забележливо скромен резултат.

Анализирајќи ја брзината и точноста со која корисниците ги решаваат предизвиците, HackerRank ја анализираше работата на 1,5 милион програмери, пишува „Бизнис Инсајдер“.

HackerRank е сајт за бесплатно програмирање, што на програмерите им овозможува да ги усовршат своите вештини решавајќи различни предизвици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top