Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 24 до 34 степени.
За време на викендов и в понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
В понеделник кон крајот на денот ќе има локален дожд. Значителна промена на времето се очекува од вторник па се до крајот на наредната работна седмица, кога под влијание на влажни бранови ќе има поголема количина на воден талог. На повеќе места во вторник и среда процесите ќе бидат интензивни проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Не е исклучена и појава на грмежи. Поради зголемената облачност и северното воздушно струење, температурата на воздухот значително ќе опадне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.