Во вторник, на 6 септември на арената „Филип Втори“ во Скопје во 18,45 часот фудбалерите на македонската млада репрезентација играат со Северна Ирска за прво место во квалификациската група за пласман на ЕП во Полска во 2017 година.
По вечерашната победа на младите фудблери во Единбург каде што триумфираа со 1-0 над Шкотска нашата репрезентација сега има 15 бодови, исто колку и Исланд со натпревар помалку, додека Франција има 14 бодови со ист број натпревари како нашата репрезентација. Вечерва Франција загуби од Украина со 0-1.
Ако Македонија ги добие двата последни натпревари во Скопје, против Северна Ирска и со Шкотска, Франција не може ниту теоретски да не стаса. Првопласираните репрезентации од сите 9 групи ќе патуваат директно за Полска, а четирите најдобри второпласирани селекции ќе играат бараж за уште две места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“