| четврток, 6 декември 2018 |

Младите фудбалски лавови ја победија Шкотска, ЕП во Полска се насмевнува

Македонската млада фудбалска репрезентација е се поблиску до пласман на завршницата на Европското првенство (ЕП) во Полска во 2017, откако вечерва во гости славеше над Шкотска со 1-0 во драматичен натпревар, полн со бројни повреди и исклучувања.

Уште во првото полувреме се повреди Бесир Демири, за принудна измена со Пивковски, потоа во само две минути десниот бек Бејтулаи заработи црвен картон во 69. минута, се повреди и одличниот голман Алексовски, кој со големо срце играше до крајот на мечот.

Во судиското продолжение од седум минути, Шкотска постигна гол кој беше поништен поради прекршок над нашиот голман, а потоа судијата најпрвин им досуди пенал на домаќините, за истиот исправно да го поништи по консултациите со своите помошници.

Шкотите кои уште во 6. минута преку Кингсли опасно се заканија, но Алексовски брани. Во продолжението, по десеттина минути рамноправна игра, следеше водството на македонските момчиња. Одличната акција во 18. минута на Радески, со убав погодок ја круниса офанзивецот на Работнички, Кире Маркоски за водство од 0-1.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top