Со денешното апсење на хрватскиот разузнувач почна шпионска војна на Балканот, а тајмингот не е случаен, смета Божо Спасиќ, пишуваат хрватските медиуми/
Спасиќ, кој бил вработен во разузнувачките служби во Југославија и кој од 1993 до 2007 година имал детективска агенција ги потврдил информациите според кои српската служба веќе извесно време „обработува“ хрватски колега.
– Вообичаена пракаса е домашните земји да се запознати со агентите на странските земји на својата територијата, во смисла што работат и кои се. Но, овие јавни апсења значат дека тој агент едноставно е „потрошен“ и нема смисла веќе да се„чува“. Службите ги знаат и сите негови соработници – изјави Спасиќ.
Затоа, според него може да се очекуваат нови апсења.
– Може да се очекува апсење на српски агенти во Хрватска, тоа е логично. Тајмнингот не е случаен. Србија неодамна ја пријави во ЕУ Хрватска дека врши агесија на неа – заклучува Спасиќ.
Уапсениот веќе е во притвор и за делото за кое се товари може да добие три до 115 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.