Осумчасовното работно време е воведено поради тоа што работниот ден да биде похуман. Но, истражувањата на оваа тема, покажуваат дека просечен работник е продуктивен само два часа и 53 минути дневно.
Американскиот завод за вработување покажува дека просечен Американец, на пример, на работното време поминува 8.8часа , но дека не работи тоа цело време.
Меѓу најпопуларните непродуктивни активности се:
-Читање на вести на порталите-1 час и 5 минути
-Проверување на статуси на социјалните мрежи-44 минути
-Разговор со колеги за теми кои не се однесуваат на работата-40 минути
-Потрага за нова работа-26 минути
-Телефонски разговори со партнери/пријатели-18 минути
-Подготовка на топол напиток (кафе, чај) – 17 минути
-Праќање (смс) пораки-14 минути
-Подготовка на оброк во канцеларија-7 минути
Земји како Шведска веќе почнаа да експериментираат со кратко работно време од шест часа, а поедини шведски фирми ова работно време веќе и формално го воведоа. Досегашните анализи покажаа дека 6-часовно работно време позитивно влијае на продуктивноста на нивните вработени, но и на нивната среќа бидејќи остава повеќе време за приватен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.