Во Собранието започна расправата за избор на новите министри согласно договорот од Пржино. Во Владата ќе седнат истите министри и заменици-министри што седнаа за изборите што требаше да се одржат на 24 април.
Собранието на Република Македонија попладнево расправа за избор на преодната влада која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 11 декември. На почетокот на седницата беа констатирани оставките на министерот за внатрешни работи Оливер Андонов и на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Согласно договорот постигнат во средбата меѓу лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, преодната влада треба да биде избрана на 110 дена од изборите, односно денеска. По предлог на опозицијата за министер за внатрешни работи е предложен Оливер Спасовски, а за министерка за труд и социјална Фросина Ременски.
Премиерот Емил Димитриев, образложувајќи го предлогот за министри, рече дека очекува од сите членови на владата висока посветеност и да работат совесно и одговорно.
– Сите членови на Владата треба да покажат лидерство во насока на помагање на институциите кои се надлежни за спроведување на изборите сметајќи дека крајно време Република Македонија да ги организира овие избори и преку една фер и демократска атмосфера да се избере новата влада, истакна Димитриев.
Тој додаде дека главен фокус на новата влада треба да биде организирање фер и демократски избори кои никој не ќе може да ги оспори и кои ќе претставуваат крај на политичката криза.
– Со поглед на тоа што владата за спроведување на избори и од аспект на надлежностите и од аспект на персоналниот состав претставува прилично комплексен орган, очекувам од сите членови на владата без разлика на нивната политичка припадност, висока посветеност кон овие приоритети и висок државотворен капацитет на сите поединци, потенцира Димитриев. Тој изрази очекување дека министрите и замениците министри во секојдневното работење ќе имаат коректна соработка наместо, како што посочи, конфликти како што имало во изминатиот период со цел да дадат максимум во ресорот кој го водат за да се одржат изборите и да се врати државата во нормален колосек.
Премиерот Димитриев посочи дека во следниот период треба да продолжат и проектите кои се од интерес на граѓаните како што се оние за намалување на невработеноста, отворањето на нови работни места и одржувањето на контактите со потенцијалните инвеститори. – Можам дека ве информирам дека за краток период ќе имаме многу убави вести на ова поле, рече Димитриев.
Не помалку важно прашање, според Димитриев, е и започнатиот процес на реформи согласно препораките од меѓународните фактори.
– Сметам дека политичката криза во Република Македонија е при самиот крај и убеден сум дека организрањето на изборите и формирањето на нова политичка влада ќе значи нова перспектива за граѓаните во Република Македонија, нагласи Димитриев.
Димитриев нагласи дека ќе се посветат на организација на изборите, но и дека паралелно енергијата ќе се фокусира и на проекти и нема да се заборават ветувањата и програмата. Димитриев потенцираше дека ќе се дава поддршка на сите инстутуции кои имаат надлежност за спроведување на избори и дека Владата ќе покаже лидерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)