Црна дамка (ла манха негра) е мистериозна растеглива супстанција, која првпат се појавила во 1986 година на улица во Каракас, Венецуела. Ја опишуваат како масна, црна и растеглива супстанција, слична на гума за џвакање. Се верува дека во нејзиниот состав има прав, масло и разни органски и синтетички материјали. Кога се појавила, прекривала околу 45 метри од патот, а први ја забележале работници кои работеле на обнива на асфалтот поставен пред 30 години. Во почетокот не предизивикала загриеност, но набрзо се раширила. Прво репкривала 100 метри, па километар и половина, а потоа се раширила на 13 километри. Кога било топло, дамката се ширела и станувала водеста, а кога ќе заладело, се собирала и се сушела. Пет години откако била откриена, објавена е првата вест дека оваа лизгава материја довела до повеќе од 1800 смртни случаи и голем број повредени во сообраќајни несреќи.
The Mysterious Black Goo of Venezuela: La Mancha Negra
Therese R. asks: Is it true that there is a substance seepi… pic.twitter.com/2VAhHtBUCw
— Bruce Graham (@brucie_graham) August 26, 2016
Владата на Венецуела, во соработка со стручњаци од САД, Канада и Европа, изделила повеќе од милион долари за да го реши овој проблем, но дамката секојпат се враќала.
Во 1994 година Министерството за сообраќај и комуникации се обдело да ја испере мистериозната дамка, потоа да ја иструга, за на крајот да стави потполно нов слој асфалт. Но, и тогаш се појавила. Конечно, на крајот пореку дамката истуриле еден тон вар за да ја исушат. Овојпат се чинело дека исчезнала, а со неа и сите проблеми, но повторно се појавил проблем. Од варта се дигала голема прашина, па возачите и жителите од околината се жалеле дека не можат да дишат.
Во јануари 1996 година поради неодржување на сообраќајниците, малите врнежи, и неквалитетните возила, дамката повторно се појавила. Со специјално средство за чистење од Германија дамката била остранета.
Жителите на Каракас можеле да здивнат. Но, само до 2001 г. кога повторно се појавила на неколку улици во Каракас.
Дали се работи за риродно истекување на битумнот?
Иако поминаа десетлетија, сѐ уште многу малку се знае за рната дамка. Најчесто се верува дека се работи за природно истекување на битумен, што е невозможно ако се земе превид дека се забележани случаи нафтата да го најде патот до површината. Меѓутоа, венецуелското ресорно министерсто истакнува дека составнот на асфалтот не е на никој начин поврзан со оваа супстација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.