На вечерашната седница Централниот одбор на СДСМ едногласно одлучил нов член на ЦО на СДСМ да биде Мухамед Зекири, кој вчера преку Фејсбук со потресен статус се прости од професионалното новинарство.
Првиот ден како поранешен новинар Зекири го мина опуштено по кафеани, давајќи ѝ целосна поддршка на Санта Аргирова и опуштено чекајќи ги првите честитки за новата работа.
Новинарот кој и досега отворено одработуваше за СДСМ, сега и официјално станува нивен адут во битката за албанските гласови, човекот кој многу пати досега се ставаше во функција на вжештените националистички реторики кои одредени албански кругови на политичари веќе подолго време ги застапуваат.
Ваквото радикално однесување на Зекири не ги изненади оние кои подобро ги познаваат неговите ставови. Тој беше еден од првите кои го пробија полицискиот кордон и се туркаше со полицијата на протестот организиран од ЗНМ и повеќе здруженија пред Музејот на македонската борба.
Својата националистичка реторика Зекири вешто ја затскриваше зад позицијата новинар и секоја критика врз него се обидуваше да ја прикаже како напад врз слободното новинарство, во што редовно се приклучуваше и заштитникот од ЗНМ и негов пријател Насер Селмани.
Селмани отворено го бранеше Зекири и при цензурата на тогашниот уредник на Алсат врз Васко Ефтов и емисијата „Во Центар“. МАН тогаш реагираше дека изјавата на Зекири е темелен говор на омраза, и ретко видена во новинарската професија во Македонија, особено кога се работи за колега со углед и високи стандарди.
„Колку за информација, емисијата „Во Центар“ со автор на кој од хигиенски причини не сакам да му го споменам името повеќе нема да се емитува на Алсат М. Емисијата и до сега беше надворешен проект и не беше во продукција на Алсат М и никогаш не беше поддржана со уредувачката политика на ТВ Алсат“,напиша Зекири.
И додека од една страна постојано повторуваше дека власта сакала да го замолчи, од друга Зекири на аџилак се фотографираше со портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Во 2013 година, по покана од саудискиот крал Абдула, Османи и Зекири, го извршуваа едниот од петте столба на исламот – аџилакот во Мека и Медина, Саудиска Арабија. Тие, заедно со неколку милиони аџии од целиот свет се поклонија на светите места.
Веста дека се на аџилак Османи и Зекири ја споделија на социјалната мрежа Фејсбук. Таму ставија и фотографии, каде што облечени во бели наметки им го честитаат празникот Курбан бајрам на своите роднини и пријатели. И додека Зекири тврдеше дека „сателитите на власта се обидуваат да го замолчат и заплашат“, истовремено се фотографираше со портпаролот на Демократската унија за интеграција, која е дел од власта.
Зекири тогаш не одговори на низа прашања за тоа какво искуство е аџилакот и какви впечатоци носи од Саудиска Арабија, како и кој го финансирал неговотo патување во Саудиска Арабија. Тогашниот уредник на Алсат не одговори дали ќе ја осуди забраната на жените да возат, дали ја осудува смртната казна за хомосексуалци и што мисли за правата на христијаните во С. Арабија, односно дали би се потпишал на петиција за изградба на првата црква во Саудиска Арабија, бидејќи таму има 2 милиони христијани кои немаат ниту една црква.
Истиот Мухамед Зекири, кој вечерва стана член на ИО и ЦО на СДСМ, пред извесно време тврдеше дека во Избирачкиот список имало 500.000 спорни гласачи и на истиот фигурирале 60.000 мртви. Зекири тврдеше дека од 500.000 гласачи, 195 илјади биле евидентирани како фиктивни гласачи.
Зекири, кој заедно со “шарените“ речиси секојдневно учествуваше во таканаречената револуција, беше дел од оштетувањето, сквернавењето и демолирањето на македонските спомен-обележја. Радикалниот Муки, со кого СДСМ сега ќе лови гласови, секако во ниту еден момент не оштети ниту еден албански споменик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Муки си кажал уште во 2015: Некои „Албанци“ за мода немаат проблем и педери да станат
-
„Либералната“ левица и поддржувачите на ЛГБТ со навреди кон Зекири и жените од муслиманската заедница
-
Љуми Бекири разочаран: Гласав за живот, не за смрт
-
Ѓорчев до Зекири: Од Македонија се бараат еден куп остапки кои СДСМ е подготвена да ги направи за да остане на власт