| четврток, 6 декември 2018 |

И Северна Кореја го оплакува заминувањето на Фергусон (видео)

Заминувањето на Сер Алекс Фергусон од местото тренер на Манчестер јунајтед беше вест број еден вчера.
северна кореја

Ова го инспирираше „Телеспорт“ да направи интересен видео-прилог во кој се гледаат реакциите на неговата одлука.

Колажот е направен од разни прилози на кои се прикажуваат луѓе од Северна Кореја, Индија, Мексико, Грција, Чиле и Танзанија како плачат. Посебно внимание предизвикуваат коментарите кои се под фотографиите. На крај е прикажана атмосферата во Ливерпул каде што, се разбора, се слави заминувањето на Фергусон.

Погледнете го ова урнебесно видео! И да не е вистина, и да е монтажа, пак е смешно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top