Италијанските медиуми пишуваат дека на последниот ден од преодниот рок Јувентус ќе донесе уште две засилувања. Станува збор за играчи кои подолго време се поврзуваат со италијанскиот шампион, белгиецот Аксел Витсел и Хуан Квардадо, кој минатата година на позајмица од Челзи настапуваше за “Старата дама”.
Витсел подолго време е желба на тренерот Алегри, а доаѓа како замена за Пол Погба. Извештаите велат дека Јуве и Зенит вчера се договориле за трансфер вреден 20 милиони евра, плус 3 додатни милиони евра во бонуси.
Белгијанецот денеска треба да пристигне во Торино на лекарски прегледи и комплетирање на трансферот.
Се очекува во Торино да се врати Хуан Квадрадо. Репрезентативецот на Колумбија одново ќе пристигне на позајмица, но „Старта Дама“ ќе биде обврзана во целост да го откупи играчот откако тој ќе настапи на одреден број натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.