Работниците во фабриката за Кока-Кола во Син, близу до францускиот пристаништен град Марсеј, открија 370 килограми кокаин во контенјер, испратен од Јужна Америка, изјави обвинителот на Марсеј, Ксавие Тарабо. Дрогата била пакувана во пликови, сокриени во контејнер, јави БТА.
Нејзината вредност е во висина од околу 50 милиони долари.
– Кокаинот бил оставен во петокот, додаде обвинителот.
Се уште никој не е упасен, а истрагата е наложена на судската полиција во Марсеј, која ќе се обиде да го дознае потеклото на дрогата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.