Дваесет и деветгодишниот Скот Витли, поточно диџеј Секси Скот, ја крена публиката на нозе и ги натера сите да играат заедно со него на хитот „Старшипс“ од Ники Минаж во шоуто „Британија има талент“.
Како што открива „Сан“, Скот не е само шоумен, туку и актер, и тоа во наслови како „Палави фудбалери“ и „Екстра голем“. Ако не беше доволно јасно до имињата на филмовите, мора да се потенцира – тој е хомосексуалец и порноактер.
– Не се гордеам со тоа бидејќи ми требаа пари. Не му открив на жирито бидејќи мислев дека немаше да ме пуштат понатаму. Се надевав дека емисијата ќе значи нов почеток за мене – изјавил тој.
Иако Скот ја помина првата фаза и беше примен за понатамошното натпреварување, тој се откажа од шоуто бидејќи се вработи на шпанскиот острвов Ланзароте. Продуцентите на шоуто дури и се понудиле да му го платат патот и престојот, само за да дојде и да настапува, но тој одби бидејќи верувал дека го бараат само за шоу и дека нема шанси да ги помине и следниот круг елиминации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)