| четврток, 6 декември 2018 |

Вилата на Крис Браун под опсада: Со пиштол и се заканува на Мис на Калифорнија (видео)

Полиција ја опколи вилата на Крис Браун откако мисицата на Калифорнија Бејли Куран повикала полиција и пријавила дека Крис и се заканува со пиштол.
Браун одбива да излезе од вилата, а медиумите пренесуваат дека низ прозорецот наводно фрлил торба полна со оружје и дрога. Бидејќи се уште немаат налог за претрес, полицајците не влегуваат во куќата. Пристигнал и адвокатот на пејачот.
Крис постојано од внатре објавува бизарни видеа на Инстаграм во кои тврди дека нема поим за што се работи и зошто му е опколена куќата, а за се ја обвинува полицијата.
Полицијата по видеата оценува дека тој е издрогиран и пијан. Во куќата биле и неколку негови пријатели, меѓу кои и поранешниот дечко на Ким Кардашијан, кои почнале да ја напуштаат куќата, а полицијата на излез ги претресува.
Куран на својот Инстаграм објави видео во кое зборува дека не сакала да дојде до оваа ситуација и прашува што би сториле нејзините фанови доколку некој им ставил пиштол на глава. Ова видео набрзо го избришала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top