| четврток, 6 декември 2018 |

Јемен: Бројот на загинати во граѓанската војна се искачи на 10.000

tenk

Бројот на загинати во досегашната 18 ­месечна граѓанска војна во Јемен достигна околу 10.000 лица, изјави денеска координаторот за хуманитарни прашања на ОН Џејми Макголдрик.

Досега официјалните претставници и хуманитарни организации во Јемен наведуваа дека има над 6.000 загинати.

Макголдрик на прес­конференцијата во Сана потенцира дека новите податоци се заосноваат на официјални информации добиени од здравствените установи во Јемен.

Тој додаде дека бројот на загинати може да е уште поголем, бидејќи во еден реон нема здравствени установи и луѓето таму во повеќето случаи сами ги погребуваат починатите роднини

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top