Американскиот модел Наила Дилард неколку години се забавувала со спринтерот Усеин Болт, но се одлучила да го остави спортистот бидејќи не сакала да ги исполни сите негови сексуални фантазии.
Имено, Наила, која со Болт се запознала на една спортска манифестација во 2013 година, влегла во авантура со спортистот која траела неколку години, а завршила откако младата убавица сфатила дека Болт сепак не е заинтересиран за сериозна врска.
Имено, како што раскажала таа за британски Сан, само еден поглед бил доволен за искра помеѓу нив. Таа вечер ја минале заедно, а манекенката раскажала дека тогаш започнала и нивната романса.
– Таа вечер ми се јави да го продолжиме дружењето во неговиот хотел и да бидам во тројка со него и уште една девојка. Нормално дека одбив, рекла Наила и додала дека две седмици подоцна му била гостинка на Болт на Јамајка.
Исто така, Наила открила дека Болт во исто време бил во врска и со неговата доскорешна свршеничка Каси Бенет, но дека тоа го дознала неодамна и тоа од медиумите, а не од него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.