| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца Унгарци исчезнале во Охридско Езеро?

Тројца унгарски државјани исчезнале во Охридско Езеро, јавува порталот „Прес 24“. Според нивното пишување, возило марка „фијат добло“, во сопственост на тројца Унгарци, сѐ уште стои на паркингот на автокампот „Градиште“ во Охрид. Чуварот на кампот вчера околу 20.00 часот пријавил дека при влез во кампот забележал дека на возилото има три кајаци. Тој на полицијата ѝ рекол дека Унгарците не се вратиле по возилото, односно автомобилот сѐ уште стои на паркингот, но на него веќе ги нема кајаците.

ohrid_1

Полицијата почнува потрагата по унгарските државјани. Тоа што се знае е дека во Македонија влегле на Табановце на 5 мај годинава. Не се исклучува можноста со кајаците да влегле во езерото и да ги фатило невреме. Сѐ уште се трага по нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top